Меси е подготвен да остане во ПСЖ, но само под еден услов

Ѕвездата на ПСЖ и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, е подготвен да го продолжи договорот со Светците, но под еден услов, нема да прифати намалување на платата.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, но Аргентинецот, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

ПСЖ му нуди нов договор, во Барселона се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се врати на „Камп Ноу“ каде помина 20 години од кариерата, а своја шанса гледа и МЛС тимот Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Порталот „Гол“ пишува дека Меси е подготвен да го продолжи договорот со ПСЖ, но под услов платата да му остане иста.

„Поради високите договори и ограничувањата поради финансискиот фер-плеј, ПСЖ би морал да ги намали трошоците за плати за речиси 30 отсто за да може да му понуди нов договор на Меси со идентични услови како актуелниот договор. Управата на ПСЖ се обидува да го убеди Меси да се согласи на пониска плата, но Аргентинецот не сака да слушне за такво нешто“, пишува Гол.

- Оглас -

Најнови вести