Меси доби понуда која тешко може да се одбие?!

Договорот помеѓу Меси и ПСЖ истекува во јуни оваа година и сè уште не е потпишан нов. ПСЖ може да ја искористат клаузулата и автоматски да го продолжи договорот за уште една година, но според последните случувања, тешко дека Меси ќе остане во редовите на Светците.

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, пред извесен период призна дека преговараат за враќање на Меси на „Камп ноу“. Сепак, се појави нов клуб во трката по потписот на Меси. Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, му понуди неверојатни 400 милиони евра годишно!

Се чини дека Меси сака да остане во Европа, но нема да биде изненадување доколку и Аргентинецот се одлучи да продолжи во клуб од Арапскиот Полуостров, каде што веќе настапува Кристијано Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести