Френк Лампард ќе биде новиот тренер на Челзи, клубот во чија историја е прв стрелец. Одлуката е донесена, се чека само и официјализација на оваа вест.
Лампард би требало да ги води Сините само до крајот на сезонава, а ако се покаже, може да остане и потоа. Лампард веќе работеше како тренер на Челзи, но не се прослави и во јануари 2021 година беше заменет со Томас Тухел. Потоа Лампард беше менаџер и на Евертон, од каде што го избркаа во јануари.