Во меч од АБА-лигата драма со финиш кој не му одговара на МЗТ Скопје (Видео)

Морнар се радуваше на победа од 78:75 во дуелот со Цедевита Олимпија во меч од 24-тото коло на АБА-лигата. Гостите од Хрватска беа фаворити пред мечот, но Морнар стигна до триумф, со кој и дефинитивно си обезбеди опстанок во регионалното кошаркарско натпреварување и за следната сезона.

Во третата четвртина, Цедевита Олимпија водеше и со 13 разлика (68:55), но домашните кошаркари не се предадоа. Во финишот на средбата Морнар поведе со 73:72, а потоа тројка погодија гостите. На 22 секунди до крајот, поените за победа на Морнар ги постигна Балша Живановиќ, кој погоди тројка за водство на Морнар од 77:75.

Овој пораз на Цедевита Олимпија значи дека овој тим на крајот од регуларниот дел сигурно ќе заврши на четвртото место на табелата и веќе нема шанси да го стигне Будуќност, кој е трет на табелата.

Токму Будуќност во последното коло може да ја реши судбината на МЗТ Скопје Аеродром затоа што тимот од Подгорица на домашен терен игра против Борац Чачак, директниот ривал на македонскиот првак.

МЗТ за да не биде последен на табелата, во последното коло мора да победи против Цибона, но и да чека Морнар да загуби од Будуќност. Ако се гледа традицијата, Будуќност ги има добиено сите пет меча против Борац Чачак и не треба да има проблеми, но остануваат калкулациите дека српскиот тим може да се спаси со триумф во Подгорица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести