Тренерот на Челзи, Френк Лампард, даде чудна изјава, призна дека биле изненадени од силата на Реал Мадрид.
„Не знаевме дека Реал Мадрид е баш толку добар. Ништо не е загубено, ќе се обидеме на реваншот. Не сме фаворити, но ова е фудбал. Мора да веруваме во себе и да ги користиме шансите. Голем предизвик е пред нас, но вратата е отворена. Зависи од нас дали ќе пробаме да поминеме“, изјави Лампард.
Реал е најтрофејниот европски клуб и актуелен владетел во Лигата на шампионите и чудно е како Лампард и помошниците не направиле добар скаутинг на добро познатиот ривал, па биле изненадени.
Ова некако се поклопува и со потценувачката изјава кон Реал на газдата на Сините, Тод Боли, дека Челзи ќе победи во Мадрид со 3-0. Сега веќе ја знаат силата на Реал и лондонскиот тим на реваншот во вторник ќе треба да се надмине себеси ако сака место во полуфиналето на ЛШ.