МЗТ мора да победи, на историски датум за клубот го игра најзначајниот меч сезонава! (Видео)

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 18 часот во „Јане Сандански“ ја пречекува Цибона во најважниот меч за Металците сезонава, бидејќи победата може да им донесе продолжување на надежите за опстанок во АБА лигата.

Победа ќе го остави МЗТ во игра за освојување на претпоследното место кое носи бараж со вториот од АБА 2 лигата за место во АБА за следната сезона, а пораз од загрепските Цибоси вечерва ќе значи директно испаѓање, и Македонија во следната сезона не би имала свој претставник во елитното јадранско друштво. Ако МЗТ ја совлада Цибона, за избегнување на директно испаѓање ќе треба и Будуќност утре да го победи Борац Чачак.

Цибона нема големи мотиви, не влегоа во плејофот, па Штрковите од Аеродром се фаворити според квотите во Sport Life, а може да се обложите и на број на поени на девет различни кошаркари од кои петмина се членови на македонскиот првак.

Во МЗТ не го забораваат болниот пораз во Загреб во првиот дел од сезоната, кога Цибона со луда тројка се избори за продолжение, а во екстра перодиот победи, па и тоа е мотив плус за МЗТ.

Денешниот датум е еден од најсветлите во историјата на МЗТ, на 14-ти април 1996 година, а и тогаш беше Велигден, клубот го освои својот прв трофеј, го зеде купот на Македонија со победа над Работнички во незаборавното финале во „Градски парк“ во кое во финишот ништо не се гледаше од чадот.

И овој 14-ти април нека биде среќен за МЗТ, за Македонија да има шанса да има свој тим во АБА и следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести