Филаделфија го собори клупскиот рекорд по број на постигнати тројки и го реши Бруклин на стартот од плејофот

Филаделфија сиксерс со победа од 121:101 ја започна плејоф серијата во Источната конференција против Бруклин нетс.

Очекувано, главни во победата на Филаделфија беа двете најголеми ѕвезди, Џоел Ембид и Џејмс Харден, воопшто домашните кошаркари беа одлични во шутот за три поени. Играчите на Филаделфија поставија нов клупски рекорд во плејофот, погодувајќи 21 тројка од 42 шута и за две тројки го надминаа претходниот рекорд.

Ембид постигна 26 поени, Харден имаше дабл-дабл од 23 поени и 13 асистенции, додека Тобајас Херис даде 21 поен. Кај Бруклин најдобар беше Микал Бриџис со 30 постигнати поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести