Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер подготвува „метла“ за Минесота (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс ја совладаа Минесота тимбервулфс со 120:111 во третиот натпревар од серијата во првото коло од плејофот во НБА лигата. Со новиот триумф, најдобриот тим на Западот сега поведе со 3:0 во победи и е многу блиску да ја реши серијата со максимални 4:0.

Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер јуниор со 25 поени, додека Никола Јокиќ оствари трипл-дабл од 20 поени, 11 скока и 12 асистенции. Кај Минесота, најрасположени за игра беа Ентони Едвардс со 36 и Карл-Ентони Таунс со 27 поени.

Атланта хоукс се врати во игра и по двата порази во Бостон, утринава славеше на првиот меч пред своите гледачи и тоа со 130:122. Тре Јанг одигра одличен натпревар со 32 поени, Дежонте Мареј уфрли 25 за Атланта која намали на 2:1 во победи. Кај Бостон, најдобар беше Џејсон Тејтум со дабл-дабл од 29 поени и 10 скокови.

Њујорк никс ја врати предноста во серијата против Кливленд кавалирс откако победи со 99:79 во првиот меч во „Медисон сквер гарден“ и сега е 2:1 во серијата за тимот од Големото јаболко.

 

- Оглас -

Најнови вести