Воска и Вардар не знаат за нерешено во меѓусебните дуели, екипата што ќе победи ќе биде поблиску до ПМФЛ (Фото)

Најголеми возбудувања на домашната спортска сцена денес се очекува да има во Охрид, на второлигашкото дерби Воска – Вардар. Дуелот на двете водечки екипи во второлигашката конкуренција го следеја многу контроверзи изминатава седмица, најпрво забрана за гостински навивачи, а откако тоа не беше прифатено од страна на екипата од Скопје и нејзините навивачи, домашниот клуб одлучи да се игра пред празни трибини.

Екипата на Воска влегува како благ фаворит во овој дуел со квота од 2.15 во понудата на Sport Life. Квотата за победа на Вардар е 3.05. Овие две екипи имаат одиграно само четири меѓусебни дуели, кои никогаш не завршиле нерешено. Доколку мислите дека трацидијата ќе биде срушена, квотата за реми е 3.05.

Понудата во Sport Life вклучува и игри на голови, но и типување на точен резултат. Ова се резултатите кои се постигнати на досегашните четири натпревари помеѓу Воска и Вардар. Три се од минатата сезона, кога Вардар победи двапати, а Воска само еднаш. Оваа сезона, натпреварот од есенскиот дел на првенството му припадна на Вардар со 2-1.

Екипата на Воска е лидер на второлигашката табела со 59 бодови, три повеќе од второпласираниот Вардар. На третото место е Гостивар со 55 поени и чека “од заседа“ да влезе помеѓу првите две екипи на табелата, позиција која води во 1. лига за следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести