Еден од најпознатите велшки фудбалери, Герет Бејл, на 9 јануари оваа година објави дека заминува во пензија. Тоа го направи како фудбалер на МЛС-тимот Лос Анџелес. Сепак, симпатичниот клуб од централен Велс, кој впрочем се натпреварува во лига-системот на Англија, Врексам, изрази желба славниот велшки репрезентативец да заигра за нивниот клуб.
Врексам е во сопственост на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Мекелхени и сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста со начинот на којшто функционира.
Токму Мекелхени на социјалните мрежи објави повик до Бејл:
„Еј, Герет Бејл, ајде да играме голф, сигурно нема да поминам четири часа обидувајќи се да те убедам да се вратиш за уште една магична сезона.“
И Герет Бејл имаше свој коментар:
„Зависи на кој терен …“
Останува да видиме дали Бејл ќе заигра во четвртата англиска лига, односно во Лига 2 како што е официјалното име, и ќе му помогне на Врексам да има уште една магична сезона.