Катар станува важна спортска велесила посебно кога се работи за организациски способности. Пред неколку месеци, Катар беше домаќин на Светското првенство во фудбал и според оценките на ФИФА, тоа беше најдобро организраниот Мундијал во историјата.
Токму овие одлични оценки од фудбалските експерти дадоа „зелено светло“ и другите спортски организации да имаат доверба во Катар како организатор. Токму затоа, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) одлучи Катар да биде домаќин на Светско првенство во 2027 година.
Со добивање на оваа организација, целиот планетарен турнир ќе се одигра во еден град, во Доха, што ќе биде втор ваков случај во историјата. Првпат цел Мундијал се играше во еден град само во 2002 година, кога домаќин беше Индијанаполис.
На Мундијалот ќе учествуваат најдобрите 32 селекции од цел свет, а ова е првпат домаќин да биде земја од арапскиот свет.