Барселона на една победа од пласман на завршниот турнир, брејк на Фенербахче во Пиреја

Кошаркарите на Барселона ја искористија предноста на домашен терен и водат со 2-0 во победи против Жалгирис, додека Фенербахче направи брејк во Пиреја и израмни на 1-1 во победи во серијата против Олимпијакос.

https://twitter.com/i/status/1652018685933129728

Барселона со 89:81 славеше над Жалгирис во вториот меч и во Каунас оди со предност од 2-0 во победи. Јан Весели со 26 поени и Никола Миротиќ со 22 постигнати поени, се најзаслужни за втората победа на каталонскиот тим.

Кај Жалгирс, најрасположен за игра беше Игнас Браздиекис со 20 постигнати поени. Барселона победата ја обезбеди во финишот кога благодарение на Миротиќ и Јакубаитис, направи серија од 5:0 и од 80:78, одите на недостижни 85:78.
Третиот натпревар ќе се игра во Каунас на 3-ти мај.

Фенербахче направи брејк во Пиреја, славејќи со 78:82 против Олимпијакос и следните два меча во четвртфиналната пресметка ќе ги игра пред своите гледачи во Истанбул.

Првата четвртина не навестуваше триумф на турскиот тим бидејќи со тројката на Костас Слукас, Олимпијакос по првите 10 минути имаше водство од 24:10. Но, во втората четвртина се разиграа Едвардс и Мотли кои го вратија Фенербахче во игра и на одмор се замина со предност од 37:34 за Олимпијакос.

Второто полувреме помина во израмнета игра, кош за кош, се до финишот кога Гудуриќ погоди едно од двете слободни фрлања за 76:78, а по промашувањето на шутот за три поени на Везенков, Дорси ја завери победата на Фенербахче.

Слукас и Везенков со по 18 поени беа најдобри кај Олимпијакос, додека Едвардс со 15, Мотли и Хејл-Дејвис дадоа по 15 поени за турскиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести