Дурант стана третиот кошаркар во историјата кој потпишал доживотен договор

Ѕвездата на Феникс санс, Кевин Дурант потпиша доживотен спонзорски договор со производителот на спортска опрема „Најки“, и стана третиот кошаркар во историјата кој направил вакво нешто. Пред него, идентичен договор потпишаа Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Актуелниот десетгодишен договор на Дурант со „Најки“ истекува идната година, но директорите на најголемиот производител на спортска опрема, не сакаа да чекаат и уште сега му понудија, нов договор и тоа доживотен.

Иако сумата која кошаркарот треба да ја заработува секоја година не е објавена, медиумите во САД тврдат дека нема да биде помала од таа што сега ја заработува, 30 милиони долари годишно плус бонус од 50 милиони кога ќе се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести