Денвер блесна и ги згасна Сонцата (Видео)

На Денвер нагетс му беше доволно да одигра една фантастична четвртина и на крајот да го победи Феникс санс, во првиот меч од полуфиналето на западната конференција во НБА плејофот. НА крајот, Денвер на свој терен славеше со 125:107 и поведе со 1:0 во серијата подобар од седум.

Во првата четвртина се граше израмнето и двете екипи се менуваа во водство, а Сонцата на крајот имаа позитива од еден поен (32:31). Феникс водеше со 39:38, кога Денвер со серија од 13:2, за прв пат стигна о двоцифрена предност (51:41). Домаќините продолжија во ист ритам, па на полувреме заминаа со предност од дури 17 поени (68:51).

Предводени од Џемал Мари кој беше најефикасен со 34 поени и стандардниот Никола Јокиќ кој заврши со 24 поени и 19 скока, Денвер во второто полувреме, не само што во ниту еден момент не ја испушти двоцифрената предност, туку постојано ја зголемуваше и во еден момент, имаше предност од 25 разлика (125:100).

Кај Феникс најефикасни беа Кевин Дурант со 29 поени и 14 скока и Девин Букер со 27 поени, но тие двајца беа единстените расположени за игра, а тоа беше премалку за да се победи тим како Денвер.

- Оглас -

Најнови вести