Тудор: “Имаме пет бодови помалку од ПСЖ? Заборавив …“

Екипата на Марсеј синоќа го совлада Оксер со 2-1 и го искористи киксот на ПСЖ да се доближи на само пет бодови заостанување на пет натпревари до крајот на француското првенство. Марсеј победата ја обезбеди со прсврт во самиот финиш од мечот и во следното коло ќе игра против третопласираниот Ленс.

Хрватскиот тренер на клупата на Марсеј, Игор Тудор, имаше интересен коментар околу моменталната состојба на табелата.

– “Имаме пет бодови помалку од ПСЖ? Заборавив, хаха. Не размислувам многу за тоа. Имаме уште пет натпревари до крајот и треба да освиме 15 бодови. Ќе биде тешко, но никогаш не може да знаете што ќе се случи.“

- Оглас -

Најнови вести