Лео Меси на маса го има најголемиот договор во историјата на спортот од неверојатни 540 милиони евра, и тоа од кралскиот клуб на Саудиска Арабија, Ал-Хилал. Деновиве Аргентинецот е актуелен бидејќи доби суспензија од ПСЖ во траење од две недели бидејќи без дозвола заминал во Саудиска Арабија по поразот од Лориен, а агентот Марко Кирдемир ја открива и причината за неговото патување.
Според Кирдемир, кој е близок до сопственикот на ПСЖ, Ал Келаифи, но и со кралското семејство на Саудиска Арабија, Лео Меси заминал на Арапскиот Полуостров за да ги види условите за живеење и за новиот живот што го очекува таму. Тој вели дека се чека само одобрување од семејството на Меси за тој и официјално да го облече дресот на Ал-Хилал.
Целта на Саудиска Арабија е да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030-тата година и не штеди на носење на фудбалски ѕвезди во својата лига, која треба да го крене квалитетот и популарноста во светот.