Минатиот пат кога играа Наполи против Удинезе, гол дадоа и Елмас и Несторовски

На Наполи му треба победа или нерешен резултат на гостувањето кај Удинезе за вечерва да ја обезбеди титулата во Серија А, прва по 33 години, а ако се суди според првиот меѓусебен дуел на овие екипи сезонава, вечерва во Удине ќе биде спектакл.

На 12 ноември во Неапол, Наполи го победи Удинезе со 3-2, а двајца Македонци дадоа по еден гол. Елмас погоди за водство на Наполи од 3-0, додека Несторовски погоди брзо после него, намалувајќи на 1-3.

За вечерва на дуелот на „Дачија арената“ најавено е дека Несторовски ќе биде стартер кај Удинезе, а и Елмас ќе игра, само не се знае дали како стартер или ќе влезе подоцна во текот на мечот.

На трибините ќе има околу 13.000 навивачи на Наполи, Наполитанците се спремни за славење, чекаат титула, а ако се случи тоа, Несторовски ќе биде меѓу првите што ќе му честитаат на Елмас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести