Работнички го декласира Гостивар и се избори за мајсторка

Кошаркарите на Работнички славеа со убедливи 80:53 против Гостивар во вториот четвртфинален натпревар од плејофот во македонската прва лига и се изборија за одлучувачки трет натпревар, кој ќе го даде патникот во полуфиналето.

Тимот од „Градски парк“ уште во првата четвртина успеа да направи двоцифрена предност (21:11), а сите дилеми околу победникот беа решени до полувремето. Втората четвртина кошаркарите на Работнички ја добија со 22:10 и на одмор заминаа со 22 поени предност (43:21).

Во вториот дел, рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со убедливи 27 поени предност. За тоа колку беа доминантни кошаркарите на Работнички, најдобро покажува податокот дека ги доби сите четири четвртини.

Џелетовиќ со 18 поени беше најдобар кај тимот од „Градски парк“, а добра партија прикажа и Шошкиќ ,постигна 14 поени и беше најефикасен на средбата. Кај екипата на Гостивар, најдобар беше Митевски со 15 постигнати поени.
Мајсторката ќе се игра во Гостивар, по која ќе биде познат патникот во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести