Не помогна јавното извинување, Меси утре нема да игра за ПСЖ

Пари Сен Жермен на утрешното гостување кај Троа, нема да ги користи услугите на Лионел Меси.

Меси е казнет од клубот за нарушување на клупската дисциплина, но после јавното извинување за грешката (патување во Саудиска Арабија на ден кога тимот имал тренинг) за која тој вели дека е ненамерна, се шпекулираше дека е можно да му биде простен гревот и да биде со екипата.

Сепак аргентинската ѕвезда и понатаму е надвор од тимот, и за повторно да заигра за ПСЖ, ќе чека некоја друга прилика, на 13-ти или 21-ви мај кога се следните два меча на клубот. Без Меси и Нејмар во составот, утре целиот товар во нападот ќе треба да падне врз Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести