Пелистер победи со 25 разлика и е последен полуфиналист на кошаркарскиот плеј-оф (Видео)

Пелистер ја спаси честа на екипите од внатрешноста на Македонија и им се придружи на скопските екипи МЗТ Скопје, Работнички и ТФТ во полуфиналето од кошаркарскиот плеј-оф.

Битолчани вечерва ја добија “мајсторката“ на домашен терен против Феникс со 81-56 и со вкупни 2-1 ја добија серија. Пелистер ја имаше контролата над резултатот во текот на целиот натпревар, иако на полувремето замина со само два поени предност, пред се поради лошата игра во втората четвртина.

Победникот беше решен во третиот период, кој Пелистер го доби со 26-11. Битолчани до крајот на мечот успеаја да ја сочуваат предноста и на крајот да слават со 81-56.

Најефикасни во домашната екипа беа македонските репрезентативци Стајиќ и Маслинко со 19, односно 17 поени. Во екипата на Феникс, воедно и на натпреварот најпрецизен беше Амар Хот со 22 поени.

Двојките за полуфиналето се: МЗТ Скопје – Работнички и Пелистер – ТФТ.

- Оглас -

Најнови вести