Можен е пресврт во односите на Меси и ПСЖ

Лионел Меси би можел да остане уште една сезона во Пари Сен Жермен доколку не најде друг клуб во Европа. Ова е шпекулацијата која се појави доцна синоќа и претставува пресврт во односите на ПСЖ и Меси.

Минатиот месец таткото и агент на Меси, Хорхе, ги информирал парижаните дека не планира да го продолжи договорот со нив. Потоа Меси беше казнет за непочитување на клупската дисциплина, а Аргентинецот преку социјалните мрежи се извини за патувањето во Саудиска Арабија на ден кога тимот имаше тренинг.

Светците му испратиле богата понуда на Меси за продолжување на договорот за уште една сезона, па фудбалерот треба да одлучи што ќе прави. Меси има привлечна понуда од Интер Мајами и супер богата понуда од саудискиот Ал-Хилал, но сака да игра во Европа.

Од европските клубови, интерес за Меси засега има само од Барселона, но Каталонците имаат финансиски проблеми кои треба да ги решат пред да му дадат официјална понуда на својот најдобар играч во клупската историја. Ако пропадне варијантата за враќање во Барса, не треба да се исклучи можноста Меси да продолжи во ПСЖ, клуб чии фанови го исвиркуваат во последно време.

- Оглас -

Најнови вести