Ентони Дејвис, кошаркарот на ЛА лејкерс, заработи незгоден удар во главата во петтиот меч од полуфиналето во Западната конференција против Голден стејт вориорс, поради што од салата беше изнесен со количка, а поради тоа легендите Шекил О’Нил и Чарлс Баркли се отепаа од смеење и тоа во ТВ-емисија во живо.
Дејвис во последната четвртина при еден дуел со Кевон Луни, доби удар во главата, поради што мораше да излезе од игра, а потоа беше однесен во соблекувалната.
Според пропозициите на НБА-лигата, поради страв од можен потрес на мозокот, Дејвис салата во Сан Франциско ја напушти во количка.
https://twitter.com/i/status/1656522080274505728
Легендарните кошаркари О’Нил и Баркли, кои сега се стручни ТВ аналитирачи, кога дознаа дека Дејвис салата ја напуштил во количка, не можеа да ги престанат да се смеат.
Chuck and Shaq mocking Anthony Davis getting injured is wild smh pic.twitter.com/ClAwIqa7W7
— John (@iam_johnw) May 11, 2023
Шампионот Голден стејт славеше со 121:106 и намали на 2-3 во победи.