Кралевите славеа на јубилејниот натпревар на Валверде

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Хетафе во рамки на 34-то коло во Ла Лига.

Кралевите кои со мислите се насочени кон дуелот в среда против Манчестер сити во реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите, со победата се вратија на второто место на табелата, барем до утре кога Атлетико Мадрид го игра својот натпревар против Елче.

Единствениот гол го постигна Марко Асенсио, а натпреварот го одбележа Уругваецот Федерико Валверде кој го одигра својот 200-ти натпревар во дресот на Реал Мадрид.

Тој стана вториот Уругваец со вакво достигнување, пред него тоа му успеало само на Хозе Сантамарија кој има 337 настапи во Кралскиот дрес.

Шанса да игра доби и Еден Азар, за кого ова беше само четврти натпревар на кој се појави на теренот во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести