Фудбалерите на Барселона го совладаа градскиот ривал Еспањол со убедливи 4:2 во 34-то коло во Ла Лига и на четири кола до крајот, ја заверија шампионската титула која е 27-ма во клупската историја.
Каталонците имаат дури 14 бода повеќе пред Реал Мадрид на четири кола до крајот.
Победата која им ја донесе титулата, прва по 2019 година, беше остварена на теренот на градскиот ривал.
Роберт Левандовски во 11-та минута го отвори резултатот, а Алехандро Балде во 20-та зголеми на 0:2.
Пред крајот на првиот дел, Полјакот постигна уште еден гол, а во 53-та минута Жил Кунде зголеми на 0:4.
Еспањол до крајот на мечот, само успеа да постигне два гола со кои го ублажи поразот и тоа преку Пуадо и Хоселу.