Играчите на Кардиф се плашат од летање

Кардиф синоќа загуби на гостувањето кај Арсенал со 2-0, но мечот не бил баш во фокусот на гостинските фудбалери. Дефанзивецот Сол Бабма откри дека поголем дел од играчите се плашеле да летаат со авион кон Лондон поради трагедијата која се случи со авионот кој исчезна заедно со Емилијано Сала, играчот кој остана несудено засилување на Кардиф.

„Воопшто не беше лесно. Многу играчи велеа дека не сакаат да одат со авион на пат кон Лондон. Едноставно се плашат од летање“, вели Бамба, кој е еден од најдобрите дефанзивни играчи на Кардиф.

Летот од Кардиф до Лондон е на воздушна линија само од 211 километри, но иако се работи за кратка релација, поголем дел од играчите биле исплашени. За да се избегнат слични несакани работи во иднина, од Кардиф решија да побараат стручна помош.

„Од клубот ни обезбедија психолог и мислам дека некои од момците треба да одат на разговор“, додава Бамба.

Емилијано Сала е аргентинскиот напаѓач кој требаше да дебитира за Кардиф на мечот против Арсенал, но авионот во кој леташе кон Кардиф едноставно исчезна над англискиот канал (Ла Манш). Засега не е пронајдено ниту телото на Сала, ниту на пилотот на авионот, но денеска се пронајдени првите остатоци од авионот. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести