Пронајдени делови од авионот во кој исчезна Сала

Британската агенција за цивилно воздухопловство објави дека на плажа на северозападна Франција се пронајдени делови од седишта за кои се верува дека припаѓаат на авионот кој исчезна минатиот понеделник заедно со пилотот и фудбалерот Емилијано Сала.

Малиот авион Пајпер ПА-46 со кој Сала се враќаше од Нант кон Кардиф, исчезна во Англискиот канал (Ла Манш). Неколку дена интензивно траеше потрагата по авионот, но до денеска немаше ништо пронајдено. Официјалната потрага беше прекината, но семејството на Сала бараше таа да продолжи. Откако беа собрани 300.000 евра, потрагата продолжи.

Кај градчето Сутраинвил, на 60 километри западно од Каен, испливале деловите од седиштето на авионот кое одговара на тој што е исчезнат заедно со пилотот и фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести