Романтика на „Вембли“, Премиер лигата го чека својот нов член кој ќе добие минимум 170 милиони фунти

Кулминацијата на сезоната во понските англиски лиги е финалниот меч кој се игра на „Вембли“ во Лондон и на кој за место во Премиер лигата се борат два тима од Чемпионшип.

Денеска од 17.45 часот, во најскапиот меч на светот ќе играат Ковентри и Лутон таун. Најскап, затоа што победникот добива минимум 170 милиони фунти во следните три сезони.

Дуелот на Ковентри и Лутон го нарекуваат фудбалска романтика, затоа што ова се стари клубови со богата историја, едно време беа дури и петолигаши, а сега се на 90 минути од влез во елитата. Ковентри кој во 1987 година го освои ФА купот, повеќе од 20 години не бил член на Премиер лигата, а Лутон кој го освои Лига купот во 1988, никогаш не бил премиерлигаш во сегашниот формат на лигата. Лутон во 1992 година испадна од првата англиска лига и од тогаш се нема вратено.

Во сезоната 2017/2018, овие два клуба беа во четврта лига, и заедно напредуваа за два ранга погоре, па во 2020 година се вратија во Чемпионшип. Меѓусебните дуели сезонава им завршуваа нерешено (1-1 и 2-2). Лутон на девет меча по ред не знае за пораз од Ковентри, но денешниот меч на „Вембли“ е поинаков од сите други.

Кој и да победи, Премиер лигата добива интересна принова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести