Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико доживеа тешка несреќа на јавање. Тој паднал од коњот и паднал директно на главата и сега се наоѓа во животна опасност. Според последните информации, следните 48 часа ќе бидат клучни.
Рико синоќа се радуваше на титулата со ПСЖ во првенството, а веќе денеска доживеа несреќа и неговата ситуација е критична. Голманот јавал на коњот кога од спротивната страна се појавил друг коњ, па коњот на кој Рико јавал, се вознемирил, па голманот паднал и тоа директно на глава.
Несреќниот Рико веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница, а лекарите таму констатирале дека има сериозни повреди. Веднаш бил ставен во индуцирана кома, а следните 48 часа се клучни за неговиот живот.
Најголемиот дел од кариерата Рико ја помина во тимот на Севилја, а има настапувано и за Фулам и Мајорка. Во ПСЖ моментално е втор голман, зад Џанлуиџи Донарума.