Баерн е блиску до реализација на најголемиот трансфер во клупската историја

Баерн Минхен е подготвен да плати 100 милиони евра за капитенот на Вест хем, Деклајн Рајс. Тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на Баварците бидејќи во моментов рекордот го држи Лукас Ернандес со 80 милиони евра.

Рајс целата своја кариера ја мина во Вест хем, а тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, е сериозно загреан да го донесе во својата екипа. Веќе се започнати и преговорите помеѓу клубот и фудбалерот.

Рајс за екипата на Вест хем има одиграно 244 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести