Изненадување од Париз: Меси се најде во промотивен спот на ПСЖ за следната сезона (Видео)

Големо изненадување пристигнува од Париз, а се однесува на релација ПСЖ – Меси. Светците ги промовираа новите дресови за следната сезона, а на големо изненадување во промотивниот спот се најде и Лео Меси.

Ова е изненадувачки со оглед дека договорот на ПСЖ и Меси истекува со крајот на оваа сезона и тој според сите, најави нема да биде продолжен.

Познато е дека Меси треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, во Барселона или во Ал-Хилал, но дали со ова видео се најавува дека ситуацијата може да се промени за 360 степени и Меси да остане во ПСЖ?

- Оглас -

Најнови вести