Неверојатниот Јокиќ го водеше Денвер до почетен триумф против Мајами (Видео)

Спектакуларен почеток имаше големото НБА финале, пред се поради неверојатниот Ниола Јокиќ, кој е првиот после 20 години кој успеа да оствари трипл-дабл ефект на својот деби финален натпревар, а втор воопшто во НБА лигата, после Џејсон Кид, на кого тоа му успеа во 2002-рата година.

Денвер го совлада Мајами со 104-93, а српскиот кошаркар мечот го заврши со 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции. Победникот на мечот се наѕираше уште од самиот почетокот. Денвер ја доби првата четвртина со девет поени предност, а разликата на полувремето беше 17 поени.

И во второто полувреме предноста на Денвер растеше, а Мајами немаше одговор за играта на домашните. Денвер со предност од 21 поен влезе во последниот период и само рутински ја одржуваше големата разлика за водство од 1-0 во серијата против Мајами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести