Никола Јокиќ со нова феноменална партија и нов трипл-дабл му донесе победа на својот тим на првиот натпревар од големото финале на НБА. После натпреварот србинот гостуваше во емисијата “Inside The NBA“ која ја водат Чарлс Баркли и Шекил О’Нил.
– “Не ја следев многу НБА додека бев во Србија. Дражен Петровиќ и Владе Дивац беа меѓу првите кошаркари кои дојдоа од Европа. Тие ја отворија вратата за другите европски играчи, особено за оние од поранешна Југославија.“ – рече Јокиќ после натпреварот.
Дражен Петровиќ од 1989-тата па се до 1993-тата и неговата смрт настапуваше во НБА лигата за екипите на Портланд и Њуџерси. Истата година и Владе Дивац се пресели во НБА лигата, а таму се задржа се до 2005-тата година, а настапуваше за ЛА Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.