Заработи 600.000 евра за четири меча во кои освои еден бод и неговиот тим испадна од лигата

Сем Алардајс го превзема тимот на Лидс на четири кола до крајот и единствена цел беше да се обиде да го спаси од испаѓање од Премиер лигата. На крајот, Лидс не успеа да се спаси, а под водство на Алардајс, тимот успеа да одигра нерешено против Њукасл, а губеше од Манчестер сити, Вест хем и Тотенхем.

Со еден таков биланс и само еден освоен бод од можни 12, Лидс заврши на претпоследното место во Премиер лигата со пет бода помалку од зоната штоо носеше опстанок.

Алардајс не успеа во својата мисија за опстанок, па неговиот договор автоматски беше раскинат. За четирите дуели на кои беше тренер, популарниот Биг Сем заработи неверојатни речиси 600.000 евра.

Со престојот во Лидс, Алардајс постави нов неславен рекорд во Премиер лигата за најкратко траен менаџер. Тој беше на клупата само 30 дена и го сруши досегашниот рекорд на Лес Ред кој во 2006 година како предводник на Чарлтон Атлетик помина само 40 дена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести