Екипата на ПСЖ доживеа сензационален пораз на домашен терен од Клермон со 2-3, откако само по 20-тина минути игра водеше со 2-0 со погодоците на Рамос и Мбапе.
Гостите направија комплетен пресврт и успеаја да постигнат дури три погодоци во мрежата на ПСЖ на последниот натпревар на Меси и Рамос во дресот на “светците“ од Париз.
ПСЖ уште пред 10-тина дена ја освои шампионската титула во Франција, а сега на клубот му претстои “жешко“ лето во обидот да се уловат најголемите фудбалски ѕвезди во Европа и конечно да се атакува на трофејот од Лигата на шампионите за следната сезона, нешто што не им успеа на парижани со ѕвезди од типот на Меси и Рамос во екипата.