Со добрите одбрани против Челзи, му „изгорел“ тикет од 15.000 евра, па доби закани

Челзи само по втор пат во историјата на Премиер лигата загуби меч со четири гола разлика откако на синоќешното гостување кај Борнмут беше поразен со 4-0. Лондонскиот тим беше фаворит за освојување на трите бода на ова гостување, напаѓаше во првиот дел и имаше мнгу шанси, но домашниот голман, Артур Боруц беше несовладлив.

Откако на полувремето се замина со резултат 0-0, Борнмут почна фуриозно во вториот дел и брзо поведе со 1-0, а до крајот на средбата стигна до неочекувана победа од 4-0. Голманот на домаќините и во вторите 45 минути беше одличен и не дозволи да му се затресе мрежата.

Добрите одбрани на Боруц сепак не ги израдувале сите. Еден играч во обложувалница како директен виновник за тоа што не успеал да добие 15.000 евра го посочил токму голманот на Борнмут. Типстерот дури решил и да му пише директно на голманот, а пораката воопшто не е пријатна.

„Кучкин сине, со твоите одбрани вечерва, ми ги сруши соништата. Те мразам, поради тебе останав без ништо. Е*и се, ќе добиев 15.000 евра. Е**н идиот“, била пораката од играчот во обложувалница кој останал без посакуваните пари.

Боруц без многу нервоза, само со еден збор му вратил на човекот кој останал без 15.000 евра. УПС…е коментарот на голманот на Борнмут, кој е влезен во одлична форма и брани речиси перфектно.

- Оглас -

Најнови вести