Екипата на Јувентус и официјално ги информираа Реал Мадрид и Барселона дека се откажуваат од идејата за формирање на фудбалската Суперлига. Така сега остануваат само двата шпански гиганти, а претседателот на Ла Лига имаше интересен коментар на овие случувања.
„Кој ќе излезе последен, нека го изгаси светлото“, мислејќи на Реал и Барселона.
Од Јувентус тврдат дека ваквата одлука нема никаква врска со УЕФА, но реалноста е сосема поинаква. Веќе беше познато дека клубот од Торино го очекува суспензија од УЕФА доколку не се откаже од формирањето на Суперлигата, откако претходно заработи казна од 10 бода во италијанското првенство.