ПСЖ ја започна потрагата по наследниците на Мбапе и Меси

Управата на францускиот шампион ПСЖ веднаш ја започна потрагата по нов напаѓач откако беше шокирана од одлуката на Килијан Мбапе да си оди идното лето.

Од ПСЖ веќе си замина Лионел Меси, кој веќе се договори со Интер Мајами, додека Мбапе вчера ја извести управата дека нема да го продолжи договорот и во 2024 година ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

За да не останат со празни раце, челниците на ПСЖ планираат да го продадат Мбапе уште ова лето, а веќе ја започнаа потрагата по негов наследник.
Како една од опциите се споменува напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт и на француската репрезентација, Рандал Коло Муани, чија цена е 100 милиони евра.

Француските медиуми пишуваат дека суперагентот Жорж Мендеш на Светците им го понудил Ансу Фати, кој го загуби местото во првиот тим на Барселона.

Преговорите со Маркус Тирам се во завршна фаза и се очекува сега веќе поранешниот играч на Борусија Менхенгладбах наскоро и официјално да потпише за ПСЖ.

Голема е веројатноста екипата да ја засили и фудбалерот на новиот европски шампион Манчестер сити, Бернардо Силва.
ПСЖ веќе успеа да се договори со Марко Асенсио, кој доаѓа од Реал Мадрид, како и со Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести