Екипата на Јувентус има сезона во заборав и ќе мора да се задоволи со освојувањето на седмото место во Серија А и пласманот во квалификациите за Конференциската лига. Ова се должи на казната за одземање 10 поени поради финансиски малверзации. Со овие 10 поени, Јувентус би завршил на третата позиција и би играл во групната фаза на Лигата на шампионите.
Спасот од финансиските проблеми кои ќе настанат поради неиграњето во Лигата на шампионите, раководството на клубот планира да ги реши со продавање на најголемите ѕвезди. Планирани се продажбите на Душан Влаховиќ и Федерико Кјеза, а заработката треба да изнесува помеѓу 120 и 130 милиони евра. За нивните услуги има интерес од Премиер лигата, од екипите на Челзи и Ливерпул.