Позната е сумата за која ПСЖ ќе го пушти Мбапе да си оди, но таа не важи за Реал

Пред официјалниот старт на летниот преоден рок, веќе започна сагата околу Килијан Мбапе и неговото заминување во Реал Мадрид или останување во ПСЖ, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат со бројките.

Мбапе ја известил управата на ПСЖ дека нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ и дека идното лето ќе си замине како слободен играч. Овој потег на фудбалерот ги налутил челниците на Светците, кои најавиле дека ќе го продадат уште ова лето, а сега е позната и сумата.

Телевизијата ЕСПН тврди дека отштетата за Мбапе изнесува 150 милиони евра, но оваа сума нема да биде прифатена доколку ја понуди Реал Мадрид.

Односите меѓу двата клуба се лоши, и тоа токму поради Мбапе. Пред две години, Мбапе неколкупати тајно се сретнал со претседателот на Реал Мадрид, Флоренитно Перес, кој пак во последните денови од преодниот рок достави понуда тешка 190 милиони евра, но ПСЖ ја одби и челниците на Светците не сакаат да соработуваат со Перес.

- Оглас -

Најнови вести