Поранешната шведска репрезентативка, Нила Фишер, во својата автобиографија откри дека за време на женското Светско првенство во 2011 година ФИФА им го проверувала полот.
До оваа одлука на ФИФА дошло поради веста дека во некоја репрезентација која учествувала на тоа СП, медиумите се сомневаа на Екваторијална Гвинеја, играле мажи и поради тоа фудбалерките од сите репрезентации морале да бидат прегледани.
„Буквално полудев кога го слушнав барањето. Среде Светско првенство, челниците на ФИФА од нас бараа да им ги покажеме гениталиите“, пишува Фишер во дел од својата автобиографија.
Според Швеѓанката, прегледите ги вршеле физиотерапевтите на репрезентациите, додека лекарите биле свртени со грб.
Sweden players had to show their genitalia at 2011 Women’s World Cup, says Nilla Fischer https://t.co/whdYLRbei7
— Guardian news (@guardiannews) June 12, 2023
„Начинот на кој тоа беше направено беше претеран и мислам дека затоа ниту една од фудбалерките досега не кажа ниту збор за ова. Сфативме дека за тоа само ќе се зборува. Како што напишав во книгата, тоа искуство воопшто не беше пријатно“, изјави неодамна Фишер.
Нила Фишер за репрезентацијата на Шведска одигра 194 натпревари и учествуваше на три Олимписки игри и четири Светски првенства.