Меси првпат во кариерата даде гол во првите две минути, нова победа на светските прваци (Видео)

Актуелниот светски фудбалски шампион, Аргентина, ја совлада Австралија со 2-0 во пријателски меч во Пекинг.

Стрелец на првиот гол беше Лионел Меси уште во втората минута, а конечните 2-0 ги постави Герман Пецела во 68-ма минута.

Деби за Гаучосите имаше младиот Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед кој веројатно ќе избере да игра за Аргентина (го бараат и Шпанците), иако за да биде тоа дефинитивно, ќе треба да одигра и три официјални мечеви за А тимот.

Меси погоди по точно 79 секунди игра и тоа е најран гол што го постигнал во неговата кариера и прв даден пред да поминат две минути од почетокот на мечот. Досега најбрз гол му беше по 2 минути и 8 секунди игра на дуел против Челзи.

Меси дава гол на последните седум меча по ред за својата репрезентација и сега има 103 погодоци за Аргентина, со што е за шест гола зад Али Даеи, кој е на второто место на вечната листа на стрелци. Рекордерот Кристијано Роналдо има 122 за Португалија, но тој уште е активен и бројката може да ја подобри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести