Петмина скопјани се добитници на мобилните телефони од играта што ја организираа спортските обложувалници на Sport Life за време на Светското ракометно првенство во Данска и Германија. Состави тикет и освои MI 8 Lite на „100% РАКОМЕТ“ се покажаа среќно за Даниел, Ненад, Илија, Сашко и Доне. Сите петмина се подновија со нов мобилен телефон благодарение на нивните добитни ливчиња во обложувалниците на Sport Life.
Приматот „Крал на СП во ракомет“ му припадна на Даниел Самарџиски, кој своето добитно ливче го уплатил во Кисела Вода. Само на два дена пред крајот на Мундијалот, тој направил тикет кој бил добитен со коефициент 1.355,05.
Тој ден на програмата од СП биле полуфиналните дуели меѓу Данска – Франција и Германија – Норвешка, а Даниел одиграл на голови на играчи. На понудата имало квоти за 14 играчи од двата меча и на ливчето се одиграни сите 14 понудени ракометари на играта плус-минус голови.
ГОЛОТ НА САГОСЕН ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА ДОНЕСЕ ГОЛЕМА РАДОСТ
Тоа не било прво ливче на Даниел што го уплатил на оваа игра. За да му биде повозбудливо гледањето на ракометните средби, тој уплаќал вакви ливчиња со бројот на голови кои ќе ги постигнат ракометарите.
„Во текот на првенството уплаќав ливчиња за да ми биде и поинтересно следењето на мечевите. Играм на голови на играчи, на помали суми за уплата. Тој ден се играа двете полуфиналиња и решив да ги одиграм сите 14 ракометари кои беа на понудата. Последен го чекав Сандер Сагосен од Норвешка да ја надмине границата од 5,5, а шестиот погодок го даде во последната минута од дуелот против Германија“, открива Самарџиски, кој со 14 погодени граници на играчи, како да ги гледал дуелите уште пред да започнат.
Коефициент | Објект | ||
1 | Даниел Самарџиски | 1355.05 | Кисела Вода |
2 | Ненад Тодоров | 336.66 | Маџари |
3 | Илија Младеновски | 287.76 | Маџари |
4 | Сашко Ефтовски | 242.29 | Козле |
5 | Доне Аспровски | 238.73 | Ново Лисиче |
НЕ НИ ЗНАЕЛ ДЕКА Е ДОБИТНИК НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Интересно е што Даниел воопшто не бил запознаен со наградната игра. Погодениот коефициент од 1.355,05 му донесе 27.101 денари само за 20 вложени денари.
„Не знаев за наградната игра. Досега немав погодено толку голем коефициент, а многу пријатно бев изненаден кога дознав дека токму тоа ќе ми донесе и мобилен телефон. Многу сум задоволен од обложувалниците на Sport Life. Постојано играм таму, имаат одлични коефициенти, понудата е одлична, но и услугата. Едноставно, убаво е чувство кога не очекуваш ништо, а потоа дознаваш дека си добитник на мобилен телефон“, додаде Даниел.
„ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ“ ЗА ДОБИВАЊЕ МОБИЛЕН БЕШЕ ПОГОДЕН КОЕФИЦИЕНТ 238,73
Зад Самарџиски, следува Ненад Тодоров со погоден коефициент 336,66. И Тодоров тикетот го има уплатено во ист ден со Самарџиски, но неговиот погоден коефициент е помал. Во топ 5 се најдоа и Илија Младеновски од Ченто со погоден коефициент од 287,76, потоа Сашко Ефтовски од Козле, кој погодил коефициентда ја од 242,29, додека кругот се затвора со погодениот коефициент 238,73, а е на тикет направен од Доне Аспровски.