Замбија со 3:0 славеше над Брегот на Слоновата коска во меч од квалификациите за Африканскиот куп на нации и со овие три бода го зазема првото место во групата со 12 бодови. Брегот на СК има 10 бодови и тоа се двете селекции кои ќе играат на континенталниот собир.
Голот со кој Замбија поведе со 1:0 го одбележа овој дуел. Тоа всушност беше автогол што го постигна Серж Аурие. Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Нотингем Форест се обиде со лизгачки старт да исфрли една топка, но таа заврши во голот на неговата репрезентација, откако голманот Чарлс Фоли несмасно реагираше.
An absolutely wild OG from Serge Aurier. Zambia 🇿🇲 will qualify for AFCON if this result holds. pic.twitter.com/JIJ0s4pLJl
— We Global Football (@We_Global) June 17, 2023