Аѕурите ја искористија слабоста на Лалињата под водство на Куман, постигнаа гол во првите десет минути (Видео)

Селекцијата на Италија води со 2:0 против Холандија по првото полувреме од мечот за третото место во Лигата на нации.

Аѕурите поведоа уште во шестата минута кога одличната акција со гол ја круниса Федерико Димарко.

Интересно е што Холандија под водство на Роналд Куман игра слабо во воведните минути. На 24 натпревари на колку што Куман е селектор, на дури седум меча, Холандија примила гол во првите десет минути.

Вториот гол го постигна Давиде Фратези во 20-та минута откако одбиената топка по шутот на Вилфред Њонто дојде до него. Голот на Фратези може да го видите ТУКА.

Холандија во финишот на првиот дел имаше одлична шанса да го намали водството на Аѕурите, но шутот на Коди Гакпо заврши покрај голот на Донарума

- Оглас -

Најнови вести