Целиот свет е во исчекување на најголемиот трансфер во историјата и преселбата на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид на 250 милиони евра. Флорентино Перес и катарскиот шеик веќе ги имаат договорено сите детали, но сега има нов проблем.
Мбапе бара од ПСЖ да му биде исплатен договорот до крајот, односно да добие 150 милиони евра за да потпише за Реал Мадрид. Причина за ваквото барање на францускиот репрезентативец е тоа што ќе остане без бонусот од 100 милиони евра од Реал Мадрид, кој беше предвидено да го добие доколку како слободен фудбалер потпише за “кралскиот“ клуб.
Договорот на Килијан Мбапе и ПСЖ истекува следното лето, а откако тој одби да потпише продолжување на соработката, катарските сопственици на клубот од Париз се одлучија да го продадат и да заработат.
Мбапе во Реал Мадрид ќе заработува по 30 милиони евра годишно.