Јувентус нема да игра во Лигата на конференции идната сезона?

Екипата на Јувентус по одземањето на 10 бода од страна на фудбалската федерација на Италија поради финансиски малверзации, идната сезона треба да игра во третото по квалитет европско натпреварување, Лигата на конференции, но планира да се откаже од него.

Според торински „Тутоспорт“, постои можност Јувентус да се откаже од Конференциската лига, како и дека направиле договор со челните на Европската фудбалска федерација (УЕФА) да не игра во европските купови поради можните проблеми со финансискиот ферплеј.

Според „Тутоспорт“, челниците на Јувентус сметаат и дека поважно од настап во Лигата на конференции е клубот да се стабилизира на финансиски план и да се нападне титулата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести