Аргентинската фудбалска икона, Лионел Меси, денеска го прославува својот 36-ти роденден.
Лео држи неколку рекорди во фудбалот, за многумина е и најдобриот во историјата (во просек на на секои 73 минути има или гол или асистенција, а одиграл над 1.000 официјални мечеви), а честитка по повод роденденот доби и од неговите поранешни клубови Барселона и ПСЖ. Меси е член на Интер Мајами, а Американците веројатно прво треба да станат од спиење, па да му честитаат преку социјалните мрежи.
Овој 36-ти роденден на Меси е посебен, прв е за него како светски шампион. Роден е во Росарио, на 13 години се пресели во Барселона. Во Барса за 20 години остави неизбришлива трага, а претходните две сезони ги мина во ПСЖ каде не успеа да ја оствари главната амбиција, освојување на Лигата на шампионите.