Каков кикс: Навивач патуваше 2.000 километри за да го види дебито на Меси, а тој играше натпревар во Аргентина (Фото)

Одлуката на Лионел Меси да потпише за Интер Мајами предизвика еуфорија кај фудбалските фанови кои со нетрпение го очекуваат неговото деби во МЛС, а еден навивач пропатува 2.000 километри, но патуваше бадијала.

Фанот на Меси патуваше 1.200 милји (1.931 километар) до Филаделфија каде Интер Мајами играше против домашниот тим во МЛС лигата, но неговиот пат до сојузната држава Пенсилванија нема да го памети по добро.

Прво, бидејќи Интер Мајами загуби со 4:1, а второ, затоа што Меси воопшто не настапи, а тој на трибините стоеше со транспарент „патував 1.200 милји за да го видам најдобриот“. Но, Меси моментно е во Аргентина и настапи на проштелниот натпревар на Макси Родригез.

Навивачот очигледно не знаел дека дебито на Меси во МЛС лигата ќе биде по 5-ти јули, кога започнува летниот преоден рок и неговиот договор со Интер Мајами ќе биде официјализиран.

- Оглас -

Најнови вести