Кристијано Роналдо бира тренер на Ал-Наср, си има свој фаворит

Португалецот Луиш Кастро би можелo да стане нов тренер на саудискиот Ал-Наср, најавуваат повеќе извори.

Кастро во моментов работи како тренер на Ботафого, тим кој е лидер во бразилското првенство, но суперѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, го препорачал за нов тренер во неговиот тим. Ал-Наср му понудил на Кастро плата која е четири пати поголема од таа која ја заработува во Бразил.

Иако не е многу познат во светски рамки, 61-годишниот стручњак има доволно искуство зад себе, водел тимови како Порто и Шахтар Доњецк, а пред Ботафого има работено во клуб од арапскиот свет, катарскиот Ал-Духаил.

Во 2020 година, Кастро даде изјава која Роналдо ја запаметил, па затоа и сака да му се оддолжи.

„За мене, Роналдо е најдобриот фудбалер на светот, машина. Кога го имате во својот тим, никогаш не треба да се откажете од него. Луѓето премногу го критикуваат, а неговата приказна е неверојатна“, изјави тогаш Кастро.

- Оглас -

Најнови вести