За првиот меч на Меси за Интер Мајами, се продаваат билети по цена и од 10.000 долари

Лионел Меси официјално уште нема потпишано договор со Интер Мајами, но документацијата наскоро треба да се среди и аргентинската фудбалска суперѕвезда на 21-ви јули треба да дебитира за тимот од јужна Флорида во меч против мексикански Круз Азул.

Денеска почна продажбата на билети за тој меч, и цените на билетите варираат од 390 до неверојатни 10.000 долари. Овие најскапите се за местата во ВИП ложата и покрај теренот, но цените се шокирачки, ако се знае дека досега просечната цена на билетите за домашните мечеви на Интер во Мајами беа од 22 до 50 долари.

- Оглас -

Најнови вести